Новоизбраниот премиер на Македонија, рече дека во понеделник ќе ја направи првата посета во странство. Логично, дестинацијата е Брисел. Но тој рече дека планира наскоро да направи и посета на Софија. Небаре за да се оправда, потсети дека Бугарија го презема претседателството на Европскиот совет на 1-ви јануари следната година.

Очекувањата пред младиот лидер се тој да даде импулс на замрзнатата интеграција на земјата во Европската унија и НАТО. Проблемите кои доведоа до заостанувањето на Македонија се многу и се поврзани со недостатокот на владеење на правото, тотална корупција, недостаток на реформи во многу сектори, ограничената слобода на медиумите, итн Тоа се проблеми кои ги трујат сите општества во Југоисточна Европа, дури и оние кои веќе се членки на ЕУ и НАТО. Но Македонија се соочува и со специфичен проблем, кој ја става во особено тешка положба – оној со нејзиниот идентитет.

Неколку генерации Македонци слушале од своите родители и учеле во училиште дека низ вековите постоел македонски народ, кој зборувал на македонски јазик и опстоил, иако соседните земји се обиделе да го поделат, да го окупираат и асимилираат. Според оваа слика за светот, во соседните земји живеат компактни македонски малцинства кои се лишени од „најелементарните“ човекови права. Долг, впишан во Уставот на Македонија е да ги брани. Во последните децении овој мит беше дополнително украсен. Веќе се зборува за македонски народ не со векови, а од милениуми, бидејќи кон неговата приказна беше додадена и таа за античкото македонско царство. Додека Република Македонија се обидува да го гради својот идентитет околу овој мит, нејзините односи со соседите ќе бидат блиску до точката на смрзнување. Патот на земјата кон Европската унија и НАТО ќе биде затворен. Истовремено секое отстапување од овој мит ќе сретне бурно незадоволство меѓу дел од македонското општество и обвинувања за предавство.

Какви се тогаш дилемите пред Заев?

За да ги задоволи барањата на Грција Македонија треба да си го смени името. За да jа задоволи Бугарија таа треба да ја преиспита историјата.

Поранешниот министер за надворешни работи на Македонија Денко Малески не еднаш истакнувал дека „проблемот на македонско бугарските односи е многу посложен од нашиот проблем со Грција“. Малески не е единствениот кој мисли така. Според многу македонски националисти Грците сакале Македонците да не се Македонци, но можеле да бидат какви што други ќе посакаат. Меѓутоа, Бугарите сакале Македонците да признаат дека се Бугари! Овие толкувачи удобно пропуштаат една мала нијанса. Бугарите немаат проблем со тоа дека Македонците се Македонци под услов да го прифатат очигледното – дека предците на мнозинството во вековите се определувале како Бугари. Оваа мала нијанса ја отвора врата пред Зоран Заев да докаже дека е вистински лидер.

Младиот премиер ниту може да објави дека Македонците не се Македонци, ниту да ги објави дека се нешто друго и да остане на власт. Кои се тогаш неговите алтернативи?

Првата алтернатива е слична на Киро Глигоров, на Бранко Црвенковски и на Никола Груевски да ја заземе позата на заштитиник на македонскиот идентитет. Да бара далечни, но силни сојузници кои да ги притиснат Грција и Бугарија да ја прифатат евроатланската интеграција на Македонија без промена на името и без потпишување на договор за добрососедство и пријателство. Земејќи ја во предвид желбата на Брисел и Вашингтон да го стабилизираат Балканот, тоа изгледа како можна тактика. Само што при неуспех, анти-европските чувства во земјата ќе се интензивираат. Просрпските и проруски опозиционери ќе добијат нов „доказ“ дека Европа и НАТО се „шовинисти“, „фашисти“ и слично.Имајќи го во предвид неуспехот на оваа тактика во минатото, шансата таа да успее денес е минимална. Грција докажала дека ретко отстапува по прашања поврзани со тоа што е поврзано со нејзината претстава за национален интерес. Ако владата на Бугарија се откаже од потпишување на договор базиран на Декларацијата од 1999 година, таа ќе биде предмет на жестоки критики. А и преседанот да се потпише некаков документ и потоа една од страните да се откаже од него ќе биде многу опасен. Веќе никакви договори нема да имаат вредност. Неуспехот на Заев во решавањето на споровите со соседите и одмрзнувањето на процесот на евроинтеграцијата ќе доведе до неговото брзо отстранување од власта.

Втората опциjа пред Заев е мимикрија на обиди за решавање на споровите. Ова вклучува посета на Софија без потпишување на договор, во кој немало „реципроцитет“, осуда на политиката на агресивната „антиквизација“ и преговори со Грција за прием на Македонија во НАТО под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“. Вакво „ритање на канти по патот“ може да освои малку време, но нема да доведе до пробив. Во најдобар случај ќе дојде до прием на Македонија во НАТО и застој во преговорите за ЕУ. Оваа опција е најверојатната, најмногу баналната и нај-бесперспективната, бидејќи нема да ја изведе Македонија од стапицата на пост-југословенското пространство.

Третата опција пред Заев е да процени дека моќта и влијанието на Грција се далеку поголеми од оние на Бугарија, а и дека спорот со неа е полесен за решавање. Можно е тој да се договори со Атина за промена на името со придавката „Горна“ или „Северна“. Бугарија веќе не еднаш изјавила дека не прифаќа такво решение, бидејќи Пиринскиот дел може да биде класифициран како дел од „Горна“ или „Северна“ Македонија „, додека егејскиот дел на географска Македонија не може. Поддржувачите на таков курс можеби веруваат дека сама Бугарија нема да има сили да издржи на меѓународниот притисок и на крајот ќе се дојде и до инсистирање од страна на ЕУ, Бугарија да го „признае“ постоењето на македонско малцинство. Но опцијата за решение прво со Грција го решава спорот само половично и најверојатно ќе доведе до замрзнување на односите со Бугарија до степен што и европскиот притисок нема да ја промени нејзината решеност да ја блокира Македонија. Таков крајно негативен развој ќе го зајакне руското влијание во Софија, без гаранции за брза патека на Македонија кон ЕУ и НАТО.

Пред Зоран Заев суштествува и четврта можност. Да заложи на решение прво со Бугарија. Ова вклучува потпишување на договор за стратешко партнерство, заеднички прослави на Илинденското востание и други настани. Се разбира и откажување од стана на Македонија да дава материјална или морална поддршка на лица и организации кои го оспоруваат нашиот уставен поредок. Објективизирањето на историјата сепак не значи задолжително откажување од современиот македонски идентитет. Напротив – најголемата закана за денешниот македонски идентитет се крие во неговата зависност од вербата во очигледно фалсификуваната историја. Пред две години режисерот Дарко Митревски, кој тешко може да биде осомничен за симпатии кон Бугарија напиша: „Македонците кои до 20 век не суштествуваат како етнос, денес се посебна нација. (…) Доколку се ослободиме од својата митоманија, до колку ги прифатиме фактите за минатото, доколку престанеме да фантазираме за некаква си „античка империја“ (…) – имаме шанса да станеме зрела и модерна нација. Ако не, остануваме каде сме: фрустриран народ, скаран со сите и меѓусебно, кој ги лекува своите комплекси градејќи си измислена слава од стиропор. На таков народ не му треба историја, а психијатрија. “

Заев сигурно разбира дека стратегијата „Грција прво“ ќе доведе до замрзнување на односите со Бугарија, но изборот „Бугарија прво“ најверојатно ќе доведе до брзо и згодно за Македонија решение на спорот со Грција! Потпишувањето на договорот за добрососедство, кој го убива митот за постоечкиот низ вековите (дури милениумите) македонски народ најверојатно ќе ја натера Грција да ја поддржи афирмацијата на „младата македонска нација“. Стравот од „голема“ Бугарија едвај исчезнал од сознанието на нашите јужни соседи.

Одигрувањето на „бугарската карта“ сигурно изгледа како опасен гамбит за младиот македонски премиер. Неговата партија – Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е наследник на поранешните комунисти. Луѓето кои свесно заложија на дебугаризацијата на Македонија, за да најдат подобро место за земјата во поранешна Југославија. Дефинирани како противници на „врховистите“ и „бугарашите“ тие тешко ќе го проголтаат објективизирањето на историјата. Но турбулентните настани кои го доведо Зоран Заев и неговата партија на власт и огромните проблеми кои тој треба да ги реши му отвораат краток временски прозорец за храбри и решителни одлуки. Ако ги преземе Заев може да остане во историјата како голем државник – татко на модерниот македонски идентитет. Се успори ли, ќе остане запаметен како уште едно момче во костум, кое случајно седнало на највисокиот стол.


Автор: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO