ЕУ го поздрави врачувањето на мандатот за формирање влада од претседателот на Македонија Ѓорге Иванов на лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз Зоран Заев, се вели во заедничката изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан.

„Го поздравуваме овој важен чекор во процесот на формирање на влада. Се надеваме дека конструктивниот дух ќе надвладее и ќе и помогне на земјата да излезе од политичката криза. Очекуваме брзо формирање на влада и сме подготвени да ја поддржиме по патот на реформите „, се вели во документот.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO