Од денеска лидерот на Социјалдемократскиот сојуз / СДСМ / Зоран Заев јa носи целата одговорност за случувањата во Република Македонија.

Тоа go рече Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, откако Заев доби мандат од претседателот Ѓорге Иванов за формирање на нова влада во Скопје. Тодоров go обвини Заев за долготрајната политичка криза во земјата. Според него, ако Заев ги беше дал порано побараните од Иванов гаранции, сите процеси и локалните избори ќе биле деблокирани. Зоран Заев е првиот мандатоносител кој потпишува гаранции за суверенитетот на државата. Овие гаранции не се потпишани од албанските партии, кои му даваат поддршка на него, рече Тодоров.

Тој смета дека протестите во земјата ја покажале решителност за зачувување на Македонија и во нив огромна улога имал претседателот Иванов. „Сите ние целосно сме свесни за постизборната измама и албанската платформа. Имаше реална опасност и народот реагираше многу остро. Против сите овие сценарија реагираше и ВМРО-ДПМНЕ“, рече Тодоров.

„Бидејќи Заев постојано зборува едно, а прави друго ние ќе ја следиме многу внимателно работата за да не бидат нарушени гаранциите … ги поздравуваме граѓаните кои се вистинскиот сопственик на земјата.Знаеме дека тие гласаа за нашата програма и поддршката за нас се зголемува „, изјави во заклучокот Тодоров.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO