Раст од 55,2% на странските туристи во Бугарија предвидува до 2030 година ажурираната стратегија за одржлив развој на туризмот, која ресорниот службен министер Стела Балтова jа обезбедила за јавна расправа. При спроведување на препораките во документот, до 2030 година Бугарија треба да биде посетена од 11 милиони странски туристи годишно, наспроти 7 милиони во 2015 година

Актуелната состојба – вкупниот обем на внатрешниот туристички пазар за 2016 година изнесува околу 11,6 милиони патувања (вкупно туристички патувања на Бугари во земјата и посети на странци во Бугарија). Во споредба со 2015 година е реализиран раст од околу 16%. Туристичките патувања на Бугарите за 2016 година се приближно 3,3 милиони, а посетите на странци – околу 8.3 милиони.

Туризмот е клучен сектор за бугарската економија – во 2016 година тој формира 12.8% од БДП (6,6 милијарди долари) и обезбедува вкупно 362 900 работни места, забележуваат авторите на ажурираната стратегија.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO