Чешката компанија ЧЕЗ планира да го продаде целиот свој бизнис во Бугарија,  пренесе Ројтерс.

Интерес кон купување на средствата пројавиле претежно бугарски инвеститори.

Во јануари ЧЕЗ објавија дека го испитуваат пазарниот интерес за активности во Бугарија, вклучувајќи кон електроенергетското друштво „ЧЕЗ Електро Бугарија“ АД, која обезбедува струја за над 2 милиони домаќинства во Западна Бугарија.

Павле Цирани од бордот на директори на ЧЕЗ посочи дека меѓу бугарските инвеститори, заинтересирани за средствата на компанијата, е и јаглената централа во Варна, две фабрики за обновлива енергија и трговец на струја. Во исто време, сепак Цирани истакна дека уште не се почнати разговори со новата влада на земјата и не е дефиниран графикот за продажба.

ЧЕЗ поседува 67% од компанијата „ЧЕЗ Електро Бугарија“ АД.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO