Близу месец судбината на хрватскиот гигант „Агрокор“, чии вработени бројат над 60 000 лица /при 4.2 милиони население на земјата – бел.ред./ не слегува од агендата на политичарите. Таа е водечка вест и за сите медиуми во Хрватска.

Потресите во „Агрокор“ се најголемиот предизвик со кој се соочува земјата по прогласувањето на нејзината независност пред 25 година. Бројките говорат сами за длабочината на кризата: Приходите на „Агрокор“ се 6.7 милијарди евра. Тие претставуваат 15 отсто од хрватскиот бруто домашен производ. Долговите на гигантот се 6 милијарди евра. Руските државни банки Сбербанк и VTB се главни кредитори на „Агрокор“.

Меѓу главните бизниси на компанијата е синџирот супермаркети „Конзум“.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO