
На 2 юни во дворот на приватното училиште „Цар Симеон Велики“ во Софиjа, ќе биде откриен паметник на бугарскиот владетел, патрон на училиштето. Иницијативата и финансирањето се на д-р Милен Врабевски, а паметникот е дело на скулпторот Красимир Ангелов. Со него разговараме за „молчаливите сведоци“ на времето и неопходноста од подигнување на паметници за родољубиво воспитување.
Вие изработивте паметник на цар Симеон, кој ќе биде поставен во дворот на училиштето, зошто децата треба да ја познаваат историјата и на овој начин?
Во последните години нашата самодоверба како Бугари се крепи на личности од минатото. Историјата на еден или друг начин е присутна во нашиот секојдневен живот, преку мелодија која нè потсетува за текст, песна, слика, паметен знак во екстериерното пространство – сето тоа jа гради нашата лична и национална култура. Често се случува да минуваме покрај паметници и да не ги забележуваме, да ги перцепираме како даденост, како дел од проектантската средина, но и покрај сè, тие се присутни, воспитуваат, пренесуваат пораки носат воздух од историски епохи. Тие се таму и на нив треба да се гледа со добронамерност и позитивизам. Во конкретниот случај просторот во училиштето ми укажа дека е најдобро паметникот да биде поставен точно до влезот. На овој начин фигурата на цар Симеон подеднакво добро ќе биде сфатена како од дворот на училиштето, така и од улицата, за да може не само учениците и гостите на училиштето, а и граѓаните да го гледаат. Поставен за да jа држи будна нашата историската памет.
Која е Вашата идеја за цар Симеон и неговото време?
Историчарите и археолозите преку своите истражувања создаваат слики на личности од нашето минато. За цар Симеон Велики е напишано во Манасиевата хроника, постојат некои миниатјури. Откриени се лични печати со ликот и симболи кои му припаѓале. Факт е дека најголемата територијална експанзија на Бугарија во текот на нашата историја е за времето на неговото владеење. Границите на Бугарија се допираат до три мориња. Ние сме биле голема сила и со нас се сообразувале останатите народи. Културата ни е просперитетна, сме дале писменост. Сето ова го гради имиџот на големиот Бугарин, со кого можеме да се гордееме. Малку се народите кои можат да се пофалат со историски личности како цар Симеон. Тоа jа направи мојата задача тешка и одговорна, мораше преку скулптурата да породам живот, енергија, достолепие, а успеам ли да jа пренесам сопствената енергија, да го разбудам изразот на лицето, да го покажам благородништвото, тоа значи дека сум успеал, а тоа би ги допрело останатите.
Што е важно да се почитува при репродукција на историски личности? Кои се изворите на информации кои ги користите?
Уметникот треба да се потопи во ерата, да ги истражува симболите, да се консултира со историчари, за да создаде релативно точен образ. Реалниот пристап, кој сум го предложил, има јасни и докажани во историјата на светската ликовна уметност заслуги – тој е ефектен, универзален е како перцепција, убедување и создава силно емоционално присуство. Никој денес не го оспорува реалениот живописен лик на цар Симеон од Димитар Гјуџенов, а со него дури често се илустрирани историски книги. Што се однесува до симболите и надворешноста на цар Симеон Велики, сум се однесувал доволно одговорно, најтемелното истражување во оваа област го направил проф. Георги Атанасов во својот труд ,, Симболите на средновековните бугарски владетели „.
Контроверзни се мислењата за тоа како да го разбудиме интересот на општеството кон историјата и нејзините личности, Вие што мислите? Некои не одобруваат просторот на Софија да се наситува со паметници?
Во отсуство на национална самодоверба во моментов, а тоа е последица од многу причини – економски, социјални, културни …, тешко се даваат рецепти. Некој постојано сака да нè потсетува дека пред 1000 години сме биле голема држава, да не треба да заборавиме. Но што прават сегашните политичари? Минатата, нашата, а можеби и следната генерација, носиме предиспозиција од соцреализмот, време на презаситеност со идеолошки, партиски, патриотски паметници, од големи поголеми и ова природно придонесе за една спонтана реакција при споменување на паметник. Се добива контрапродуктивен ефект, наместо да има придобивки, се започнува со негирањето. За тоа треба да сме внимателни кон јавниот простор. Несомнено интересот кон историјата се буди од најрана возраст, во училиште и таму е вистинското место за такви примери. Паметните знаци се за тоа за да присуствуваат молчаливо, дури и да ги забележуваме само со периферниот поглед, тие остануваат во нас како спомен, форма, слика и идеја. Тоа е дел од нашата култура. Треба да ги чуваме, без разлика во каков период од нашата историја се создадени.
Дојде ли време да бараме одговори назад во историјата или доцниме?
Историјата сами си ја создаваме, но не секогаш можеме да ја влијаеме. Не секогаш властите знаат што прават.
Интервју: Елеонора Гаџева
Слики: личен архив и Фондацијата Бугарска Памет
