
Политичката борба во македонскиот парламент е борба за целосна Македонија, изјави поранешниот премиер Никола Груевски, кој денеска присуствуваше на настан во Скопје.
„Очигледно е дека на СДСМ им пречи ВМРО-ДПМНЕ, им пречи и народот, бидејќи имаат прифатено обврски, но не кон народот и не кон некој кој сака државата да е обединета и цела. Имаат обврски и се исплашени за својата иднина, особено нивниот лидер Зоран Заев „, рече Груевски.
„Така политичката борба во парламентот не е борба за власт, туку е борба за Македонија“, посочи тој.
