Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коциас изрази загриженост за стабилноста на Македонија.

„Нестабилната положба во Скопје во голема мера се должи на недостигот на култура на компромис и консензус“, рече тој во говорот на настан организиран од Движењето за идеи и активности (ПРАТТО)

За Турција шефот на грчката дипломатија истакна дека таа е „нервозна сила“, а изјавите со кои се фрла сомнеж врз Договорот од Лозана, „кријат тренд за ревизионизам“.

Во однос на Албанија тој ги повтори петте услови поставени од ЕУ за Тирана да добие датум за почеток на преговори за пристапување.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO