
Темпото на раст на бугарскиот извоз се зголемува со секој изминат месец, доближувајќи се до 20-те проценти во февруари. Податоците на Националниот институт за статистика (НСИ) покажуваат дека главен мотор од почетокот на годината е пазарот надвор од Европската унија. Тој, сепак, е поврзан главно со продажба на нафтени продукти, кои во последните шест месеци обновија значителен дел од загубената си во текот на претходните две години вредност.
Вредноста на обемот, продаден кон трети земји, се зголемила за 27.2% на годишна основа во февруари. Кон земјите членки фирмите пласираат продукција во вредност од 10.6%, што го формира вкупниот раст кај извозот од 16.31%. Слични вредности ретко се гледаат во текот на последните пет години, иако за овој период извозот сепак растеше.
НСИ понуди детална информација за надворешната трговија на Бугарија само со земјите надвор од ЕУ. За земјите членки податоците за февруари ќе бидат објавени по еден месец.
Од податоците за јануари се гледа јасно влијанието на горивата и суровините кон растот на вредностниот обем на извозот. Извоотз на минерални горива и масла скокна со 68% во однос на февруари 2016 година. И покрај порастот на цените на суровините – главно металните – вредностниот обем на извозот им се намалува за 6%.
Од податоците се гледа дека трговските односи со Кина се опоравуваат, а државата е главен пазар за бугарските суровини. Извозот во оваа насока расте со над 50% на годишна основа. Значително закрепнување има кај Гибралтар, но оваа дестинација се користи исклучиво со даночни цели при трговијата со горива.
