Признавањето на Република Македонија под името Поранешна Југословенска Република Македонија / ПЈРМ / е најголемата грешка во светската политика и историјата на ОН.

Ова го изјави Робин О ‘Нил пред радио „Слободна Македонија“ по повод 24-годишнината од примањето на Р. Македонија во меѓународната организација.

Тој истакна дека името ПЈРМ е нелогично и смешно, тоа е против волјата на македонскиот народ, кој гласаше за независна држава нарекувана Република Македонија на референдумот од 8 септември 1991 година

„Оваа аномалија ПЈРМ требаше да биде поправена пред многу години“, категоричен е британскиот дипломат.

О ‘Нил смета дека Република Македонија треба да биде признаена под тоа име во ОН, како што веќе го направиле многу земји во светот.

ТАТКОВИНА потсетува дека Македонија ја прогласи својата независност на 8 септември 1991 година Првата држава во светот што го призна нејзиниот суверенитет под името Република Македонија, беше Бугарија во јануари 1992 година

Грција се спротивстави на постоењето на Република Македонија, тврдејќи дека со тоа име таа пројавува претензии за културното и историско минато на земјата. Атина го спречи и пристапувањето на Скопје во НАТО во 2008 година

Спорот за името на земјата продолжува веќе речиси четвртина век и во текот на последните години, во кои Балканот стана „линија на фронтот“, се претвори во проблем за безбедноста и стабилноста на регионот. Се повеќе земји-членки на НАТО и ЕУ го разбираат тоа и ја критикуваат неотстапливата позиција на Грција по прашањето.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO