Од касиери, фармери до возачи и туристички агенти, десетици илјади луѓе се загрижени за своите работни места поврзани со најголемиот ланец на Балканот за производство на прехранбени производи и продажба на мало, кои се борат со акумулирани долгови.

Финансиските проблеми на хрватската група Agrokor доминираат во насловите во медиумите во последниве недели, откако светските агенции почнаа драстично да го соборуваат нејзиниот кредитен рејтинг.

Тоа ги потресе 60-те илјади вработени на Agrokor во регионот, две третини од кои се во Хрватска, што го прави од овој ланец најголемиот работодавец во земјата.

Водечки бизнис на групата е ланецот супермаркети Конзум. „Падот на Agrokor ќе jа доведе Хрватска до рецесија, ќе ја врати назад во 2008 година“, предупреди Владимир Нишевич, главен уредник на бизнис весникот „Пословни дневник“.

„На крајот на краиштата ние, обичните луѓе, ќе платиме за сето тоа, на еден или друг начин“, рече Јосипа, вработена во продавница Konzum во Загреб.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO