Ахмети и Заев не откриваат дали нашле формула за деблокада на парламентот. Од СДСМ тврдат дека има стратегија, но нема да биде споделена со јавноста до нејзината реализација, пише Deutsche Welle.

Маратонот во Собранието продолжува. На деветтото продолжение од конститутивната седница на чиј дневен ред се избор на членови на Комисијата за избори и именувања и претседател на Собранието, пратениците од СДСМ нема да се јавуваат за реплика. Засега тоа е единствениот начин да придонесат за забрзување на темпото на работа во законодавниот дом. Решение бараат и лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, кои на вчерашната средба зад затворени врати, разговарале околу модалитетите за деблокирање на Собранието. Од СДСМ и ДУИ не откриваат дали и што договориле двајцата лидери. Во недостиг на официјални информации се шират три неофицијални верзии: дека било договорено решението да не отстапува од институционалните процедури дури и по цена да се потроши многу време; дека решението треба да се бара на лидерска средба; и дека има стратегија за излез од блокадата, но таа нема да биде споделена со јавноста до нејзината реализација.

Последната можност вчера ја најави пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски.

„СДСМ и коалицијата има и стратегија и конкретен план, и дозволете во даден момент да го реализираме во интерес на деблокирање на Собранието. Овие 67 пратеници ќе изберат претседател на Собранието и ќе ја изберат новата реформска Влада. Тоа не е право, тоа е обврска што ни ја дале 700.000 граѓани. Кога ќе го направиме тоа? Дозволете таа стратегија и тој план да не е преку медиумите, туку конкретно биде операционализиран“, рече Николовски.

Притоа децидно ја отфрли можноста за одржување лидерска средба.

„Со криминалци кои ја доведоа Македонија во оваа криза, не планираме ниту да преговараме, ниту да се договараме. Граѓаните нам ни го дадоа легитимитетот, нам ни го пренесоа суверенитетот и токму ова легитимно и демократско мнозинство во парламентот ќе ги преземе сите механизми кои ни стојат на располагање“, изјави Николовски.

уште читаjте ТУКА

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO