НАТО го повика претседателот на Македонија Ѓорге Иванов за спроведување на договорот од Пржино, станува јасно од писмо на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг до Ѓорге Иванов.

Документот се појави во македонското издание „Журнал“.

Столтенберг го потсетува  Иванов за соопштението од 26 февруари, во кое ги повика „сите политички лидери во Поранешната Југословенска Република Македонија целосно да ги применат нивните обврски согласно договорот од Пржино како рамка за трајно решение на политичката криза. Исто така ги повикав властите во Скопје да го направат следниот чекор од демократскиот процес и да апелираат сите партии да се воздржат од изјави и активности „.

Откако наведува дека изборите во Македонија од 11 декември минатата година биле клучен и уважуван чекор за решавање на кризата, Столтенберг нагласува: „НАТО нема интерес од мешање во внатрешните политички процеси во Вашата држава и не земаме страна.“

Од претседателството во Скопје зазедоа став дека исто се за почитување на договореното во Пържино, но т. нар. Албанска платформа го попречува формирањето на владата и исполнувањето на договорот од Пржино – во овој документ нема ни збор за албанска платформа.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO