Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли не го омекна ставот кон македонскиот претседател Ѓорге Иванов и настоjуваат тој да го даде мандатот на СДСМ за формирање влада.

Тоа дипломатот го изјави пред новинарите по прославата на Денот на НАТО во Скопје. Запрашан дали неговиот став кон позицијата на претседателот се омекнала, амбасадор Бејли изјави дека стои зад изразеното досега мислење: „Го повикуваме претседателот да го придвижи процесот. Важно е исто Собранието да овозможи процесот да се придвижи напред, а тука првиот чекор е избор на претседател на Собранието „, посочи Џес Бејли.

Според него САД очекуваат брзо формирање на влада, која ќе се посвети на реформите и интеграцијата на земјата во ЕУ и НАТО.

Запрашан да ги коментира настапите на албанскиот премиер Еди Рама и други албански официјални лица, американскиот амбасадор истакна дека САД се придржуваат кон позицијата пред неколку недели за неопходност од воздржаност на соседите: „Како што реков пред неколку недели,ги  повикуваме соседите од регионот да бидат воздржани и да и дозволат на Македонија да се врати напред во овој процес (формирање влада и интеграцијата со ЕУ и НАТО – ред.) Јасно е дека ова е чувствително прашање. САД го користат името Република Македонија и го признаваат македонскиот идентитет „, изјави Бејли.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO