Европската унија го блокира маштабното спојување на Лондонската берза (London Stock Exchange – LSE) со германската Deutsche Boerse. Како причини за одлуката Брисел ги посочи своите грижи во врска со конкурентноста и излегувањето на Велика Британија од Унијата.

„Откако земјите не успеаја да ни ги понудат потребните мерки за справување со нашите грижи за конкурентноста, Комисијата одлучи да го забрани спојувањето“, изјави еврокомесарот за конкурентност Маргрете Вестагер во соопштението.

Решението не е изненадување, откако минатиот месец LSE објави дека го отфрла барањето на ЕК да се лиши од својот мнозински удел во италијанската трговска платформа MTS.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO