
Американската компанија за производство на нуклеарни реактори и гориво „Вестингхаус“, која е дел од јапонскиот гигант „Тошиба“, објави банкрот, соопштија светските агенции.
Американската компанија требаше да го гради 7-от блок на нуклеарната централа „Козлодуј“ во Бугариjа, но не се дојде до реализација на овој проект поради недостаток на јасност околу неговото финансирање.
„Вестингхаус“ ги поднела документите во судот, а овој процес ќе протече во согласност со Поглавје 11 од Кодексот на САД за банкрот.
