Нема да има „голема коалиција“. Нема да има коалиција помеѓу БСП и ГЕРБ. Оваа шпекулација треба да престане. Ова го изјави лидерот на БСП Корнелија Нинова пред Нова телевизија. Таа категорично ја отфрли можноста и за сојуз со формацијата на Веселин Марешки и го дефинира како привремен феномен. Ние докажавме дека нема да правиме непринципиелни коалиции, како тоа го направивме за време на претседателската кампања, рече уште Нинова.

„Сигурна сум во победата, не можам да замислам визуелно дека седам во Министерскиот совет, но имам три планови. Имам и три екипи со кои знаеме по ден и час што треба да направиме по 27 март. Победа е да сме прва политичка сила“, рече уште лидерот на БСП и објасни какви ќе бидат првите работи што ќе направи ако партијата формира влада. „Влегувам во Министерскиот совет, ќе укинувам одлуката за населување на бегалци во бугарски општини. Ако не е прекината концесијата за Аеродром Софија, ќе ја прекинам. Оваа концесија пренесува стратешки објект на турска фирма. Веднаш ќе повлекувам жалбата на Министерскиот совет против зголемувањето на цената на вињети“, вети Нинова.

„Ќе го повикам претседателот Румен Радев за свикување на Советот за национална безбедност. Од Законот за општинските и државните претпријатија ќе повлекувам политичките назначувања. Политички лица во одбори на јавните претпријатија е основа за политичка корупција“, рече таа.

„Најблиско по платформа сме со Патриотскиот фронт“, појасни Нинова.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO