
Имаме сигнали дека во Турција се организираат автобуси со гласачи. Не можеме да кажеме одкаде доаѓа организацијата. Ова го изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Стефан Јанев, кој е ангажиран со организацијата на изборите во неделата.
Тој е категоричен дека во моментов има зголемена чувствителност во однос на т.нар. изборен туризам особено на позадината дека и Турција се подготвува за избори – референдумот на 16 април.
Издадени се и акти на партии за нарушувања на изборниот процес – анкетирање на странски јазик и користење на предизборни спотови, додаде уште Јанев.
Тој потврди дека има информации за испраќање на СМС пораки во Турција, но не квалификува дали тоа е притисок и влијаење.
Вицепремиерот изјави дека агитација од страна на министер во Турција за бугарските избори исто така би можело да е мешање во внатрешните работи.
Се очекува засилено патување по границата со Турција на изборите во неделата, рече уште Јанев.
