Компанијата „Кока-Кола“ планира да инвестира уште 285 милиони долари во Виетнам, соопштија локалните медиуми, повикувајќи се на изјава на извршниот директор на фирмата во виетнамскиот клон. Со тоа инвестицијата  станува вкупно 1 милијарда долари, што покажува силен притисок врз конкуренцијата во земјата.

ТАТКОВИНА потсетува дека минатата година во јули беше прекината продажбата во земјата на 13 видови продукција произведени од фабриките на американскиот гигант во Виетнам. Газираниот пијалок, чие име го носи и компанијата „Кока-Кола“, не беше погодена од мерките, но беше прекината продажба на сите овошни сокови и енергетски пијалоци, а исто така и на негазирана минерална вода. Причина беа несоодветните етикети според виетнамски стандарди. Според Министерството за здравство, тие беа испечатени со неправилен фонт и освен тоа информацијата за составот на производите е некомплетна.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO