
Одлуката за влез на Бугарија во еврозоната е многу повеќе стратешка и политичка и во помала степен тактичка и економска, рече финансискиот аналитичар Борис Петров.
А тоа е стратешко, бидејќи, како што знаете, во моментов тече дискусија за иднината на ЕУ. Заврши состанокот во Версај, на кој европските лидери jа изразија својата поддршка за т.н. сценарио №3 или Европа на неколку брзини. Ако земјите кои сакаат да се интегрираат побрзо, вклучувајќи и економски и политички, имаат согласност за тоа можат да го сторат и против волјата на оние земји кои не сакаат да се интегрираат. Постои преструктуирање на земјите во ЕУ и тоа очигледно ќе се одвива во насока побрза и подлабока интеграција за оние од нив, кои се членки на еврозоната, заедно со земјите кои изјавиле намера за брзо пристапување кон еврозоната, за разлика од другите кои се колебаат.
