
Гастарбајтерите се најголемиот инвеститор во бугарската економија во 2016 година, покажуваат податоците на Бугарската народна банка. Според нив Бугарите во странство испратиле над 1,667 милијарди лева на роднини во рамките на календарската година.
Пресметките покажуваат дека емигрантите испратиле над 322 милиони лв. повеќе отколку што се инвестициите на различни компании во земјата. Само во последниот месец од 2016 година тие пратиле близу 129 милиони лв., што е со 1 милион лв повеќе отколку за божиќните празници во 2015 година.
