
Земјите од Вишеградската четворка – Полска, Словачка, Чешка и Унгарија денеска ќе го поставуваат пред Брисел прашањето за разликата во квалитетот на истите прехранбени производи во Западна и Источна Европа.
Еврокомесарот за правда, корисниците и еднаквоста Вера Jоурова jа нарече практиката на големите меѓународни брендови „погрешна, и неправедна“ и вети дека ќе направи се што е можно да ја запре. Од истрагите стана јасно дека компаниите користат различни и поевтини состојки во производите наменети за Источна Европа. Оваа практика е легална во Европската унија, под услов составот да е напишан на етикетите.
Минатата недела Министерството за земјоделство во Словачка ги објави резултатите од серија специјализирани тестови, во рамките на кои 22 познати брендирани прехранбени производи продадени во западните и во словачките продавници, биле споредени по квалитет. Излегува дека во продаваните во Словачка колбаси има помалку месо и повеќе масти и вода, во млечните производи – помалку протеини, а во чоколадото – помалку какао. И уште: словачките варијанти на сите овие производи содржат повеќе бои, засладувачи и конзерванси.
Тоа е вистински скандал, вели премиерот Роберт Фицо.
