
Дебата со Нинова од БСП нема да има. Категорично. Темата е завршена за мене, изјави по Нова телевизија лидерот на Бојко Борисов по пропаднатата дебата со БСП. Им угодив, таа ме разигрува, рече Борисов на адреса на лидерот на левицата Корнелија Нинова.
Јас ниту сакам да го притискам некој во аголот, ниту сакам да давам такт на некој кој не го сака, рече лидерот на ГЕРБ, запрашан со какви аргументи би ги пристиснал противниците од БСП во дебатата.
На прашањето дали сака да биде премиер по трет пат, Борисов изјави: Каков преседан, колку земји има со премиери 2, 3 мандати.
Во случај ако ГЕРБ не собере мнозинство, единствените со кои би почнал разговор, се колегите од Патриотскиот фронт и од Реформистичкиот блок. Ништо нема меѓу ГЕРБ и партијата на Веселин Марешки. Само со ПФ и РБ е можна коалиција по изборите, коментира Бојко Борисов и додаде: И со Каракачанов, и со Симеонов, и со Сидеров сме во нормални работни односи.
