
Српскиот премиер Александар Вучиќ негираше дека добивал пари од бугарскиот олигарх Васил Цветанов (веројатно агенцијата Танјуг го имала во предвид Цветан Василев – бел. ред ..).
Вучиќги демантираше тврдењата дека неговата кампања за претходните парламентарни избори била финансирана од Василев. „Нашата партија не зема ниту еден динар од олигарсите … Јас дури и не знам кој е овој Васил Цветанов“, рече Вучиќ во одговор на новинарско прашање по повод тврдењата на лидер на Нова партија дека бугарскиот бизнисмен ја финансира Српската напредна партија. Според Вучиќ опозицијата добива пари од олигарсите, а неговата политичка формација се финансира само по легален начин.
