Финската компанија за мобилни телефони „Нокиа“ го претстави чисто новиот модел на амблематичните телефони 3310, кои се вратија во производство по повеќе од една деценија.

Оригиналниот телефон, познат по својата цврстина, издржливост на батеријата и едноставност, ќе ги задржи некои од веќе познатите квалитети, но ќе нуди и можност и за сурфање на интернет. Новата верзија ќе заживее и други сакани легенди на 90-тите, како играта „Снејк“ и голем број на култни мелодии, познати од претходните модели на марката.

„Телефонот ќе овозможува разговори по 22 часа – десет пати повеќе од оригиналот“, изјави Арто Нумела, шеф на финската компанија HMD Global која ќе го произведува телефонот со лиценцата на „Нокиа“.

Пуштен во продажба за прв пат во 2000 година, оригиналниот телефон 3310 се продава во над 120 милиони копии пред да биде запрен од производство во 2005 година Со тоа тој станува најдобро продаваниот апарат во светот.

Покрај оживувањето на легендарниот модел од HMD Global пласираат на пазарот и три смартфона со брендот „Нокиа“ – Нокиа 3, Нокиа 5 и Нокиа 6, што според аналитичарите е вешт потег да се прероди финската марка, која ја загуби популарноста во ерата на новите комуникациски услуги .

Компанијата е една од најголемите производители на мобилни телефони во периодот 1998-2011 година. Потоа сепак е засенета од успехот на јужнокорејската „Самсунг“, поради неможноста да одговори на растечкиот пазар на смартфони.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO