Семејството на Адел објави дека е во шок од веста за нејзиниот таен брак, пишува Contact music. На наградите „Греми“ претходно овој месец англиската поп пејачка објави дека се омажила тајно за долгогодишниот партнер Симон Конецки. Тие се венчале во Лос Анџелес по Божиќ.

Двојката, која има 4-годишен син, секогаш се чува од медиумското внимание, но блиските на пејачката се прашуваат како тоа не го споделила еден од најважните денови во животот со нив.

Тие признаваат дека се вчудоневидени и малку разочарани дека биле „чувани во мракот“.

„Адел и Симон имаат големо семејство, но дури и најблиските до нив не знаеле за претстојната свадба и беа изненадени да го разберат на телевизија“, пишува „Сандеј мирор“.

Изданието тврди дека блиските уште се надеваат да има уште една церемонија во текот на летото, на која тие да бидат поканети.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO