Официјалниот старт на легендарниот карневал во Рио де Жанеиро беше даден синоќа. Тоа е еден од најголемите и шарени паради во светот, посетуван од над 2 милиони луѓе секоја година и ќе трае неколку дена со светли, екстравагантни костими и бескрајни самба танци.

По традиција настанот започна во петокот вечер и завршува на Пепелeната среда со која започнуват и Велигденските пости.

Историјата на карневалот датира уште од 18 век и е незаменлив дел од културата на Бразилците. Главно во него се натпреваруваат самба школи од целата земја, од кои една подоцна ќе jа грабне главната награда.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO