Филмот „Светителот хирург“, посветен на св. Лука (Војно-Ясенецки), архиепископот Кримски и Симферополски ќе биде претставен пред софиската публика.

Настанот се организира со благослов на Бугарскиот патријарх и Софиски митрополит Неофит и со помош на Рускиот културно-информативен центар, Информативно просветлениот и катехизаторски оддел на Софиската св. Митрополија и Пловдивската православна телевизија. Проекцијата ќе се одржи денес во Рускиот културно-информативен центар во слободен влез.

Премиерата на филмот се одржа на 11 февруари во Пловдив во рамките на „Денови, посветени на св. Лука“. Автор на документарниот филм за животот на светителот е новинарот Ангел Бончев. Филмот е создаден со благослов на Пловдивскиот Митрополит Николај, а Пловдивски православна телевизија е продуцент на „Светителот хирург“.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO