Секоја влада има своја политичка стратегија, која  претставува пат за постигнување на долгорочни цели. Секоја стратегија е придружена со тактика, со помош на која се избираат маневрите за постигнување на овие цели на побрз начин. Всушност тактиката се јавува во улога на прилив на реката со името стратегија: таа често се базира на измама и лукавство, за да бидат воведени во заблуда непријателите и ривалите и да бидат склони кон соработка, за да ги достигнеш целите побрзо.

Пред седум години, уште пред почетокот на војната во Сирија, сум пишувал за тоа во статијата под наслов „Турција: помеѓу стратегијата и тактиката“, објавен во ирачкото списание „Да почнеме од почеток“. Во неа беа опишани политичките игри на Турција при Ердоган и тоа како Турција не можеше да се дистанцира од американско-израелскиот сојуз од политички, економски и психолошки причини, а сите нејзини активности за палестинското прашање не беа нешто повеќе од тактика за брзо постигнување на поставените цели. Но, на крајот, Турција го постигна она што го сакаше, кога во тешкиот момент успеа да го извади „Хамас“ од сојузот со оската на отпорот, да се оддалечи од Иран, а потоа да почне битка во Сирија.

Ердоган јасно ги изрази задачите на Турција во Сирија, велејќи : „Кога влеговме во Сирија, нашата цел беше соборување на претседателот на Сирија Башар Асад“. Дури и кога битката за Алепо заврши со победа над терористите и нивните поддржувачи, Анкара фрли спасувачки појас на вооружените групи од опозицијата. Потоа таа се сврте кон Русија, откако тврдеше дека сака да ја реши сириската криза и да  прекине војната во регионот, благодарение на што се претвори од спонзор на тероризмот во држава, која се бори со него. Само што овој чекор не го натера сирискиот лав и неговите сојузници да и се доверат на Турција (игра на зборови, бидејќи името на Асад од арапски се преведува како лав – бел. ред.).тие продолжија да се вознемируваат од неа, а во некои случаи и да се сомневаат во неа. Зошто? Турската лисица е искусно животно и размислуваат за секое свое движење, бидејќи внимателно ја прочитала политичката историја на модерна Турција и историјата на движењето „Муслимански браќа“: твојот противник може да те уништи, а ти дури нема да го забележиш тоа.

Во политичките игри секој треба да биде внимателен.

Руската мечка излезе од сон и почна да се движи кон исток, за да го оствари својот сон да проникне преку железната завеса, која постоеше од децении токму со цел да не се дозволи навлегување на Русите во овие територии. Дури кога Русија отиде во толку тесна соработка со Турција, предизвикувајќи немири во своите стратешки сојузници, турската лисица сепак се нафрли врз мечката. Тоа очигледно се пројави на самитот „Астана-2“, за која се претпоставуваше дека треба да стане база за Женевската конференција. Тогаш лисицата повторно ја манифестираше својата лукава природа.

Турција го покажа своето вистинско лице со својата позиција за војната во Сирија. На турската лисица и успеа да ја направи руската мечка глупава, но со сирискиот лав не и успеа. Сите махинации на Турција и донесоа победа во тактичката игра, но во стратешки план таа загуби. Алепо стана пораз за Турција и таа повторно се врати на старата песна – желбата Асад да биде соборен.

Руската мечка и остави на Турција поле за акција, претпоставувајќи дека тоа ќе и помогне на Москва во остварувањето на нејзините цели и бидејќи  сигурна во поведението на лисицата … Анализирајќи ја ситуацијата, руската мечка разбра дека Турција може да и го надомести она што е можно таа да го загуби во Сирија и да вдахне живот на остварувањето на својот стар сон. Но по успешниот маневар во кој Русија претрпе пораз, а Асад стана повнимателен, Турција повторно се врати на својата стратешка игра. На руската мечка ќе и се наложи да и плати на лукавата лисица, но што ќе направи таа, кога турската лисица повторно ќе ја измами?

––––––––––––

Абд ал-Манама ал Хајдари, „Middle East panorama“, Либан.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO