Советот на министрите за култура од Југоисточна Европа ќе одржи средба во Тирана денес.

Во рамките на еден ден министрите ќе разменат мислења за промовирање на улогата на културата во постигнување на одржлив развој, интеграција и во другите секторски политики, борбата со шверцот на културните вредности и др. На форумот Бугарија ќе ги претстави и своите приоритети во областа на културата за Бугарското претседателство на Советот на Европската унија во 2018 година.

На средбата ќе учествуваат и претставници на УНЕСКО, Европската унија, Советот на Европа и други меѓувладини организации, како и некои земји – набљудувачи.

Предвидено е на крајот на форумот во албанската престолнина министрите и шефовите на делегации да прифатат заедничка изјава.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO