Американскиот конгресмен Дејна Рорабеjкeр се извини за скандалознотa изјава против Република Македонија во кое јa замешa и Бугарија.

„На крајот на едно мое интервју неодамна направив неколку неофицијални коментари за Република Македонија. Неодамна разбрав дека дел од нив биле погрешно пренесени. Со оваа изјава ја појаснувам позицијата. Македонија е легитимна држава со право на самоопределување и почитување на нејзините граници. Мојот коментар беше израз на мојата загриженост од внатрешните предизвици со кои се соочува Македонија во однос на етничките малцинства. во никој случај не сакав да кажам дека некој друг наместо Македонците треба да решава за нејзиниот суверенитет и граници. Ако моите зборови биле разбрани погрешно, длабоко се извинувам „, се вели во соопштението на Рорабејкер и нагласува дека“ Македонија е вистински пријател на САД „.

ТАТКОВИНА потсетува дека пред десет дена американскиот конгресмен изјави на една албанска телевизија дека „Македонија не е држава и треба да се подели меѓу Косово и Бугарија“. Оваа изјава предизвика остри критики во Република Македонија, а од бугарското МНР  изјавија дека категорично ја поддржуваат евроинтеграцијата на сите земји од Западен Балкан.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO