
Претседателот на Социјалдемократски сојуз (СДСМ) Зоран Заев изјави дека ќе прифати се што е во рамките на македонскиот Устав и што е потребно на граѓаните од албанската заедница во земјата, без да се заборават и потребите на другите малцинства.
Тоа, го рече тој во врска со материјалите што СДСМ ги доби од албанската партија ДУИ, од која сакаат потписи за парламентарно мнозинство, со кои ќе си обезбеди мандат за влада од претседателот Ѓорге Иванов.
Запрашан дали СДСМ добил од ДУИ нов нацрт за официјални јазици, или само поправки на подготвеното од нив, Заев вели дека се уште не е запознаен со документите и работни групи се занимаваат со нив.
„За нас е прифатливо сè што е во рамките на Уставот и исто она што претставува практична потреба на граѓаните од албанската заедница, имајќи ги во предвид и потребите на граѓаните од другите малцински заедници. Овие две работи – да биде уставно издржано и одржливо и практичната потреба на граѓаните, претставуваат рамката на разговорите и верувам дека ќе успееме да најдеме решение „, рече тој.
Според него е можно наскоро неговата партија да добиеги потребните потписи, на тој начин да се запази уставниот рок од 20 дена за составување на влада.
