Албанците разбрале дека преку српската игра можат да постигнат повеќе за себе имајќи за противник фиктивна идеологија и сојузник недоброжелател на Македонија, а не спротивставувајќи се на бугарската филозофија за неделива Македонија и бугарскиот грбнак на македонското општество поддржан од европска Бугарија.

Пред неколку дена широко беше пропагандирана изјавата на конгресменот Дејна Рорабакер за поделба на Македонија.Някои медиуми ја цитираа целосно неговата изјава , но не беше обрнато внимаие на голем дел од неа  и на пораката што се читаше меѓу редовите и. Така наместо да најде отпор една долго водена против Бугарија злонамерна политика најде поддршка во медиумите и од претставниците на „елитата“ ни.Разумната, но плашлива реакција на МнВР во споредба со реакцијата пред 2 години на изјавата за поделба на Македонија меѓу Албанија и Бугарија не на друг, а на Сергеј Лавров, беше пригушена од медиумите давајќи гласност на „сензацијата“ .Така за било кој пат тие покажаа дека не сакаат да го запознаваат општеството со вистината, да го консолидираат околу интересите му и да му служат, туку напротив имаат за цел да ги засилуваат емоциите во него, да ги кријат целите му . И така да го претворат во лесна жртва на секакви провокации и конечно во група луѓе кои, непознавајќи ги интересите и позициите на државата сиобјавуваат лични пристрасносит за национални каузи. Кажано на кратко- плодна почва за хибридните семиња.Абсурдно беше телевизија со национално покривање да си прикажуваат апсолутно шпекулативни карти на поделена Македонија, а на нивен фон изјавениот како професионален бугарин Б .Димитров да ги спореди руските претензии кон Крим со бугарските во Македонија. иако правилно истакна дека Македонија треба да остане цела, но во продолжение предложи да размислиме за нејзината поделба на 3-4 области, а целата екипа го проспа овој апсурд ?? Тоа не беше изјава на бугарски патриот.

Не слушнавме смислен коментар од политичките партии кај нас. Нивен неисполнет долг подолго време е понудата на разумен и практичен пристап кон проблемите на Македонија. Допуштеното приватизирање, на оваа толку чувствителна за општеството ни тема од одредени кругови, за внатрешно политички потреби го профанизира и маргинализира проблемот ја обессилува нашата надворешна политика. Никој не се сети дека през 2008.г. САД зема одговорностдека  ќе ја гарантира безбедноста на Македонија ангажман, чие исполнување денес и е нужно на Македонија.Верувам дека потврдата од Вашингтон за задржување на позициите кон Македонија е и сигнал дека преземените обврски се исполнуваат.

Никој не го постави проблемот на меѓународната карта со максималниот број на играчи, откривајќи ги интерсите на сите и појаснувајќи ги нашите сопствени позиции. Ситуацијата беше сведена удобно за Бугарија, Албанците и САД, компромитирајќи ги и трите земји, наивно или манипулативно? Би рекол хибридно.

До скоро би го објаснил сето тоа тоа со некадарност, но денес сум сигурен дека има надворешни фактори кои влијаат на општеството кај нас во оваа насока. А каде е Лепа Брена во целата приказна ќе видите повеќе подолу.

Никој не обрна внимание и не го анализираше следниов дел од изјавата на г-дин Рорабакер: „… Македонија треба да биде дел од Бугарија или од некоја друга држава, за која тие сметаат дека се поврзани. „

Што значи тоа и која е единствената можна земја со која Македонија би можела да се соедини ако посака освен со Бугарија? За оние од вас кои не се сеќаваат, тоа е Србија.

Србија е играчот, кој ја користи етничката карта во Македонија, како лост за гонење на сопствените интереси, ~ сугерирајќи му на македонското општество, дека надвор од нејзината постјугословенска орбита тоа е негова единствена судбина. Тоа беше и пораката испратена од Лепа Брена не од друго место, а од БНТ, откако беше легитимирана како едвај ли творец на висока уметнос,т таа ни одржа предавање за љубовта, разбирањето и почитта на народите и религиите во Титова Југославија. Водечките не реагира со ништо на тоа, а љубезно ја сменија тематазаборавајќи дека таму имаше братоубиствена војна, дека десетици илјади Бугари беа убиени и репресирани во Југославија по национален белег дека беше забрането да си Бугарин, а и до денес СПЦ не се откажува од МПЦ. Да не зборуваме за ситуацијата во нејзината родна Босна.Соопштението беше испратено и целта постигната. Таа стана мото на сите публикации по тој повод достигнувајќи до милиони срца. И ако тоа не е дезинформација  и ход на хибридна војна здравје му кажи.

Што претставува албанскиот фактор во Македонија со кој толку не плашат? Албанците се фактор станувајќи неопходен коалиционен партнер, но да не заборавиме дека тие самите имаат неколку партии, внатрешните линии на делба, како и факто,т дека на последните избори голем дел од нив гласаа за неалбански партии особено СДСМ. Бројот и однесувањето намакедонските  албанци се предмет на шпекулации, а економската состојба на Македонија принуди еден не  мал дел од нив да ја напуштат Македонија, што е видливо во пустите нови албански села и дестиците илјади Албанци за кои со години нема никаква административна трага. Политичката елита на македонските Албанци се претставува најмногу од партијата на Али Ахмети, кој веќе деценија управува со Груевски. За Ахмети беа објавени податоци дека е поранешен агент на југословенското разузнавање, што го поврзува со Белград и политиката му.Именно тоа им бега на нашите набљудувачи, ги прифаќаме Албанците како традиционален партнер (Охридско Дебарското востание), а во исто време ги зајакнуваме стравувањата од нив со што стануваме соучесници во српското сценарио на кој се движат и Албанците во моментов. Тие сфатија дека преку српската игра можат да постигнат повеќе за себе имајќи за противник фиктивна идеологија и сојузник недоброжелател на Македонија, а не спротивставувајќи се на бугарската филозофија за неделива Македонија и бугарскиот грбнак на македонското општество поддржани од европска Бугарија. Молкот на македонските Албанци по прашањето за македонскиот идентитет, како и зачувување на договореното од Титова Југославија и Енвер Хоџа македонското во уставот на Албанија зборуваат јасно за тоа.

Историски, а и во сегашната ситуација сојузот меѓу Албанците и Бугарите е кошмарот на сите антибугарски играчи на Балканот, но и формула за стабилност.Именно за освојување на Албанците за сојузник и отклонувањето  им од погубната игра на дестабилизација треба да ги насочиме усилијата, при што  јасно да ја покажеме својата позиција на гарант на неделива Македонија, со права на сите народности во неа и со европска иднина! Иван Михајлов ја  дефинирал многу јасно бугарската филозофија: „Еден народ да не е слободен во Македонија, Македонија не е слободна!“. Позиција која природно произлегува од идеите на Левски и бугарското ослободително движење, наследено од БМОРК-ВМОРО И ВМРО во својот автентичен вид на револуционерна организација, а не на партија. Тука нашите напори се среќаваат со србско- руската хибридна машина која на верска основа влева омраза и страв од Албанците во расклатената ни Македонија и практично не спечелуваат на нивна страна против самите нас.Именно замената на целите и противниците е во основата на хибридниот конфликт создавајќи внатрешен отпор против најуспешните политики во државата противник. За тоа беше потребно сето тоа да се каже јасно и гласно пред нашето општество. Само кога ги знаеме целите и позициите не можеме да бидеме подведени и ќе вложуваме напори во вистинската насока обединети околу општо позната цел и позиција.

Никој не направи врска со изјавите на друг далеку повлијателен политичар кој во 2015 заговори за поделба на Македонија меѓу Албанија и Бугарија Сергеј Лавров, кој е и неспорно по сериозен играч.Тој ги заштити Грција и Белград, кои увртуваа со санкциите против Русија и демонизирајќи ги Бугарија и Албанија кои имаа тврд курс, ја зацврсти оската Белград- Атина, која во случајот не е само анти бугарска, но и анти европска. Уште повеќе после оваа изјава токму во Србија отворено се коментираше поделбата на Македонија.

Никој не се запраша логично ли е Косово да се откаже од северните делови каде се наоѓаат рудниците Трепча, еден од најпрофитабилните бизниси на Југославија и да ги размени за Прешовската долина? Зошто Србија би се откажала од границата со Македонија и би ли дозволила такво нешто Грција? За северно Косово и Трепча Србија не би ли сакала далеку поголеми компензација? Не ја отворија ли Косоварите вратата за поделба пред Србија за да ги решат споровите со неа на овој начин? Една нестабилна Македонија со тензии меѓу христијани и муслимани е одлично место за остварување на интересите на Русија, Турција и Србија. За што беше разиграна оваа косовско- српска фарса со меѓународно учество, премерувајќи ја температурата кај нас  и очекувајќи да го благословиме овој нечист сојуз.

––––––––––––––

Автор: Андреј Врабчев, уметник (скулптор) завршил Воена Академија во Софија ( експерт по меѓународна сигурност ), а интересите му се насочени во областа на културата, вредностите и идентичноста како фактори за развој на современото општество.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO