Се очекува Бугарија да извезе речиси 62 милиони литри вино со добри квалитетни индикатори првенствено за Полска, Романија и Русија. Ова го соопшти министерот за земјоделство и храна проф. Христо Бозуков, кој направи ритуално сечење на лозје во Институтот за лозарство и виното во Плевен.

Во 2015 година Бугарија извезе речиси 60 566 000 литри вино. Засадени површини со вински лозја се околу 60 000 хектара. Како и секоја година тие се зголемуваат. Во 2016 година се забележува раст во споредба со претходните години, произведени се 128 милиони литри вино, рече проф. Бозуков.

Земјата зазема достојно место на винската карта на светот.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO