Србија објави дека планира да ги обнови летовите меѓу Белград и Приштина, што може да ги намали тензиите меѓу двете завојувани страни.

„Министерот за одбрана Зоран Ѓорѓевиќ ќе ја предводи работната група, чија задача е да работи за нормализирање на воздушниот транспорт … вклучувајќи ги и летовите Белград-Приштина“, се вели во соопштението на министерството.

Српската група ќе вклучува експерти од министерствата за одбрана, внатрешни и надворешни работи, инфраструктурата и транспортот.

Летовите меѓу Белград и Приштина беа спречени за време на косовската војна во 1998-1999 година. Досега растојанието од 350 километри меѓу двете престолнини луѓето го патуваат автомобили или автобуси.

Претходно денеска косовскиот премиер Иса Мустафа инсистираше да се стане подинамичен дијалогот за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово, воден со посредство на ЕУ.

ТАТКОВИНА потсетува дека Србија одбива да ја признае независноста на поранешната јужна покраина, која прогласи независност во 2008 година.

Тензиите меѓу двете земји нагло се изостри минатиот месец, кога Србија без согласност на Косово одлучи да испрати патнички воз до Косовска Митровица, мотивирајќи се со потребата од обновување на врските со Србите што живеат во Косово. Поради непријателската реакција на Приштина, нарекувајќи ја иницијативата како провокација, српската страна го врати возот буквално од границата со Косово.

Претходно овој месец етничките Срби во Косовска Митровица го соборија подигнатиот во градот ѕид, подложен на критика, бидејќи води до етничката поделба на градот.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO