
Шведската компанија за воена техника Сааб планира да изгради фабрика за производство на модерни борбени авиони во Индија. Сааб, заедно со американскиот конкурент „Локхид Мартин“, се етаблираа како лидери во оваа област, доставувајќи околу 250 борбени авиони за азиската држава која сака да се ослободи од старата воена техника од советската ера. Предлогот на Швеѓаните е за „најнапредна во светот“ фабрика за воени авиони.
„Ова е незаменлива понуда која ќе постави нови стандарди во аеронавигациското инженерство за децении напред“, изјави извршниот директор на Сааб за Индија Јан Уидерстром.
Понудата доаѓа само неколку дена откако „Локхид Мартин“ го објави својот план да формира производна линија во Индија на иконски амблематичните борбени авиони F-16. Идејата треба да биде одобрена од страна на администрацијата на Доналд Трамп.
Предлогот на Сааб е и на позадината на барањето на премиерот Нарендра Моди за намалување на индиската зависноста од скапиот увоз за одбрана, додека земјата се стреми да ја зајакне својата воена сила против растечкото влијание на Кина во регионот.
Владата на Моди го зголеми лимитот на странските инвестиции во секторот на одбраната и ја поттикна соработката меѓу странски и домашни компании. Минатата година Индија потпиша договор за испорака на 36 двомоторни повеќенаменски борбени авиони „Рафал“ во вредност од 8,8 милијарди долари.
