Андреас Домберт од одборот на Бундесбанк предупреди дека Лондон може да загуби својот статус на „влезна врата на Европа“ за важни финансиски услуги.

Според Домберт дури и банкарските правила да се „еднакви“ меѓу Британија и остатокот од Европската унија, тие ќе се наоѓаат „милји далеку од пристапот до единствениот пазар“. Коментарите на банкарот биле направени на приватна средба на германските компании и банки, организирана од Boston Consulting Group во Франкфурт. Тие даваат јасен поглед на пристапот на Германија при започнување на процесот на напуштање на ЕУ од страна на Британија.

Досега повеќе од една третина од целото банкарство меѓу големите претпријатија, владите и пензиски фондови се случува во Велика Британија. Околу 80% од сите девизни трансакции во ЕУ минуваат низ Лондон. Овој бизнис се проценува на милијарди евра, како и секој ден се тргуваат милијарди. Ако постојат значителни промени во сегашните односи на слободна трговија меѓу Британија и ЕУ, тоа може да има големо влијание врз вредноста на финансиските услуги на Обединетото Кралство и на над еден милион луѓе, вработени во секторот.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO