18 партии и 9 коалиции официјално се регистрираа во Централната изборна комисија за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 26 март во Бугариjа. Денес истече рокот за поднесување на потребните документи за учество на изборите. Од ЦИК соопштија дека нема партија или коалиција која ќе ги поднела неточни или погрешни документи.
На претходните, исто предвремени парламентарни избори, во 2014 година учествуваа вкупно 25 партии – 18 партии и 7 коалиции.
Главната битка на претстојните избори ќе биде меѓу ГЕРБ и „БСП за Бугарија“, кои според последните анкети имаат приближно исти резултати. Двете главни политички сили се стремат кон победа, но тешко ќе добијат доволно гласови за самостојно управување. Меѓу останатите партии и коалиции кои ќе учествуваат на предвремените избори, се ДПС, Патриотски фронт, Волја, Нова Бугарија, Реформистичкиот блок и др.
До изборите се дојде по оставката на втората влада на Бојко Борисов во средината на ноември минатата година и одбивањето на партиите да состават нова влада во рамките на 43-то НС. Со задача да ги организира транспарентните избори е натоварена службената влада на проф. Огњан Герџиков, кој беше назначен од претседателот Румен Радев.