Српскиот претседател Томислав Николиќ ги објасни последните публикации во српскиот печат на негова адреса со желбата на Западот да се ослободи од него на претстојните претседателски избори.
„Од материјалите на српските медиуми, кои се наоѓаат под влијание или се во сопственост на Западот, станува јасно дека јас им пречам да го прават во Србија, она што ќе сиго посакаат“, рече Николиќ за весникот „Новости“. Тој ја коментира вчерашната статија во весникот „Блиц“ дека претендира за функцијата амбасадор во Русија, ако се откаже од втор претседателски мандат. „Следната недела очекувам уште таква кал, тоа е мојот живот, цел живот борба против неправдата, измислици, најодвратни лаги“, рече претседателот.
Според социолошката агенција „Галуп медиум“, Николиќ има поддршката на 50,2% од гласачите, ако сепак зад неговата кандидатура застане Српската напредна партија (СПС). Без оваа поддршка гласањето за него паѓа до 37,2 проценти.
Редовните претседателски избори во Србија ќе се одржат оваа година, но датумот уште не е објавен. Покрај Николиќ, кој има право на втор претседателски мандат, кандидати се и лидерот на Српската радикална партија (СРС) Воислав Шешељ и поранешниот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ. Претседателот се избира за 5-годишен период,со тоа што има право на два мандата