Српскиот министер за труд и социјална политика, Александар Вулин  брутално jа нападна Бугарија за односот кон илегалната миграција.

„За разлика од Бугарија во Србија немаме случаи на починати од студ мигранти“, рече Вулин пред локална телевизија. Коментарот беше по повод драматичната положба на околу 1.000 мигранти на централната станица во Белград, за кои алармираа во последните десетина дена неколку меѓународни организации, вклучувајќи ги и „Лекари без граници“, кои jа споредија ситуацијата во Белград со „џунглата во Кале“, Франција, која беше укината во крајот на октомври минатата година. Во исто време светските агенции известија за починати мигранти при обид да влезат во Србија претходната година.

„Државата има сили да протера некакви си таму 500 – 600 мигранти, кои во моментов се наоѓаат на Централната железничка станица во Белград“, рече уште Вулин и појасни: Прашањето е како тоа нешто ќе изгледа пред светот.

Министерот се пофали дека „српските лекари ги отстраниле сите болести кај мигрантите како шуга, вошки и други заразни болести“.

Во моментов на територијата на Србија има околу 7 000 мигранти.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO