
Српскиот премиер Александар Вучиќ спроведе телефонски разговор со претседателот на Косово Хашим Тачи.
Од кабинетот на Вучиќ соопштија за државната телевизија РТС дека „двајцата се договориле за продолжување на дијалогот, бидејќи тоа е единствениот начин за решавање на сите несогласувања“.
Вучиќ и Тачи се договориле двете страни активно да работат за зачувување на мирот и стабилноста и подобрување на односите меѓу Србите и Албанците, како и меѓу властите во Белград и Приштина.
ТАТКОВИНА потсетува дека во последните неколку недели се дојде до некое тензии во односите меѓу Косово и Србија. Повод за тензиите беше апсењето на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај во Франција по барање на властите во Србија, кои го обвинуваат за воени злосторства, а потоа и испраќањето на возот од Белград за Косовска Митровица, на кој беше испишано на 21 јазици: Косово е Србија.
Косово прогласи независност во февруари 2008-ма година. До сега над 100 земји ја признале независноста на поранешната српска покраина. Србија продолжува да го смета Косово за „дел од нејзината територија“
