Следниот претседател на Германија и веќе поранешен министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер изрази сомнежи во компетентноста и исправноста на стратегијата на Западот во сирискиот конфликт.

„Историјата на оваа војна е хроника на испуштени можности и доказ за некомпетентноста на западните сојузници“, рече тој во интервју за весникот „Зидојче цајтунг“. Штајнмаер истакна дека иако нема лични симпатии кон сириската влада, тој секогаш сметал за потребно да се бараат можности за соработка меѓу претседателот Башар Асад и Западот.

Сепак Вашингтон и Париз одговорија на сите негови иницијативи со остра критика, претворајќи ја Сирија во „имагинарна оска на злото“. Ако Западот ја беше проценил ситуацијата пореално и не бараше итно отстранување на Асад, уште со првите средби за регулирањето на конфликтот би довеле до напредок „, смета Штајнмаер.

Денес социјалдемократот беше сменет како министер за надворешни работи од поранешниот заменик-канцелар и исто така поранешен партиски лидер Зигмар Габриел. Се очекува на 12 февруари тој да биде избран за претседател од Бундестагот, откако неговата кандидатура беше одобрена од политичките сили.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO