
Прометот на билатералната трговија САД-Кина е зголемен за 200 пати за период од 38 година.
Податоците за динамичните трговски односи меѓу Вашингтон и Пекинг беа објавени од кинеското министерство за трговија. Според податоците билатералниот промет е зголемен од 2,5 милијарди долари во 1979 година на 519,6 милијарди долари во 2016 година „Обемот на трговијата со услуги надминува 100 милијарди долари. САД задржуваат позитивното салдо во трговијата со Кина. Заедничките инвестиции во крајот на 2016 година надминаа 170 милијарди долари „, одбележуваат Кинезите.
Се очекува во 2026 година извозот на стоки и услуги од САД за Кина да се зголемат до 369 милијарди долари, а во 2050 година ќе достигне 520 милијарди долари.
