
Вчера, 20 јануари 2017 година во Белата куќа влезе новиот претседател. Низ целиот свет се прават догатки за курсот кој неговата земја ќе го преземе.
Американските претседатели често имале различни идеи за улогата на САД во светот и се формулирани различни доктрини.
Првата позната доктрина е онаа на претседателот Џејмс Монро. Во 1823 година повеќето латиноамерикански држави успеваат да се еманципираат од колонијалното владеење на две европски сили во заоѓање: Шпанија и Португалија. Постои опасност новоослободените колонии да попаднат под власта на други колонијални сили. Доктрината „Монро“ гласи: „Секој обид на европски нации да ги завладеат независните земји во Северна или Јужна Америка, ќе се смета како манифестирање на непријателство кон САД“.
Подемот на САД и јасно формулираната американска позиција ја штити Латинска Америка од подоцнежната експлозија на Европскиот колонијализам која ги залива Азија, Африка и Блискиот Исток.
Друга значајна доктрина, непосредно по Втората светска војна се поврзува со името на претседателот Хари Труман. Во март 1947 година тој изјавува пред Конгресот:
„Верувам дека САД треба да водат политиката на помагање на слободните народи, кои се противат на обидите да бидат завладеани од вооружени малцинства или на надворешен притисок“.
Благодарение на силната американска помош, Турција издржува на Советскиот притисок, а грчките комунистички партизани, потпомогнати од Сталин и Тито, не успеваат да ја освојат власта. Комунистичката експанзија во Европа е надмината.
Кога во 60-тите години Америка тоне во Виетнамската војна претседателот Никсон ја редефинира доктрината за задржавање на комунистичката експанзија. Според него, САД ќе помагаат во заштитата на своите сојузници и пријатели, но нема да ја преземат целата одбрана на сите слободни народи во светот.
Сеуште не знаеме каква ќе е доктрината на претседателот Трамп, од мноштвото негови изјави, а и колку тој дава знаци дека ќе прифаќа совети од Хенри Кисинџер – државен секретар на Никсон, можеме да се обидеме да составиме слика за неговиот светоглед.
Пред се треба да бидеме многу внимателни. Управувањето на суперсила е сложен процес. Разбирањата на претседателот може да се повлијаат од мноштвото експерти. Понекогаш неочекувани настани ја менуваат радикално агендата и позициите на претседателот. Кога се бореше за реизбор во 2012 година претседателот Обама го оспори тврдењето на конкурентот си Мит Ромни дека Русија е главен непријател на Америка. Веруваше дека руско-американските односи можат да бидат „возобновени“ (reloaded). Наскоро руските активности го претворија во „јастреб“.
По се изгледа дека Доналд Трамп верува дека меѓународниот поредок е составен исклучиво од национални држави. Секоја има свои интереси и примарна одговорност на нивните лидери е да ги заштитуваат. Во кампањата тој постојано изјавуваше дека се кандидира за претседател на САД, не на светот. Мултинационалните заедници, сојузи, или блокови се измислени да ги штитат интересите на одделните нации, но ако некој владетел смета дека членството во нив е веќе товар за неговата земја, тогаш тоа мора да се усогласи со интересот на своите гласачи, а не да го жртвува за зачувување на интегритетот на заедницата.
Ова размислување не е оригинално. Тоа доведе до Брекзит и до подемот на националистичките партии низ цела Европа.
Можеме да претпоставиме дека претседателот Трамп ќе го концентрира своето внимание врз билатералните „специјални односи“ со одредени сојузници како Велика Британија, Израел и ќе инсистира сојузниците во НАТО, Јапонија и други да преземат поголем дел од средствата потребни за нивната одбрана.
По се изгледа дека Доналд Трамп ја гледа Кина како главен економски и геополитички ривал. Ја дефинира како голема грешка де-индустријализацијата на САД и ќе ја претвори земјата во основен производител на индустриски производи. Убеден е дека трговските практики помеѓу Америка и Кина во последниот четврт век и наштетиле на САД и е решен да ги промени. Друго е прашањето дали ќе успее и колку намалувањето на увозот на евтина стока од Кина нема да предизвика повеќе штета отколку корист на американските граѓани.
Можеме да претпоставиме дека Трамп ја разгледува Кина како единствената земја способна со време да ја оспори улогата на САД како глобална супресила. Во изминатата година дојде до судир меѓу САД и основниот сојузник во Југоисточна Азија – Филипини. Претседателот Дуарте користи уличен жаргон во однос на американскиот претседател, ја посети Кина и најави дека двете држави кои водат тежок спор за неколку ненаселени острови ќе станат сојузници. Можеме да претпоставиме дека претседателот Трамп ќе вложи максимални напори да не дозволи премин на Филипините во кампот на Кина и едвај ли ќе е особено критичен кон бруталните методи на филипинскиот претседател.
Постојат индикации дека Доналд Трамп може да ја преиспита доктрината за „една Кина“, според која Тајван е неотуѓив дел од „Народната република“, но има одделно управување. Пред да стапи на должност тој оствари телефонски разговор со претседателката Цај Ингуен. Такво дејство ќе ги вжешти односите меѓу Пекинг и Вашингтон до црвено.
Но, ако САД се решени да не го дозволат подемот на Кина како глобална сила, тие немаат избор. Јапонија, Тајван, Филипини и Индонезија сочинуваат речиси континуиран архипелаг, кој пги одделува внатрешнте мориња – на кои Кина има долго крајбрежје од поширокиот Тих Океан, кој е доминиран од страна на САД. Денес Кина гради моќна флота и најверојатно Америка ќе стори сé што е во нејзина моќ да не дозволи кинеска поморска база на некои од теснеците кои ги поврзуваат внатрешните мориња и океанот.
Во оваа ситуација многу аналитичари очекуваат дека Трамп ќе се обиде да ја одигра „Руската карта“. При очекуваната конфронтација со Кина Трамп би сакал Москва да е сојузник, или барем да остане неутрална.
Слични еквилибристики едвај ќе се нешто ново во американската политика. Во почетокот на 70-тите Хенри Кисинџер понуди нормализирање на односите со бруталниот режим на Мао Цедун, за да го стави Советскиот Сојуз во изолација. Тогаш гамбитот успеа … Или барем Кисинџер сака да мислиме така.
Всушност односите на Кина и Советскиот Сојуз беа заострени и без американските акции. Се стигна до неколку крвави судири на границата. Кина беше премногу голема за да биде завладеена од Советскиот Сојуз и премногу горда за да му биде долго „Помлад партнер“. Нормализацијата на односите на САД и Кина беа реализирани без Америка да плати геополитичка цена. Вашингтон ја призна Народната република како „единствен Кина“, но националистичкиот режим во Тајпеј задржи контрола над островот. Во следните децении Тајван се етаблираше како демократија и сојузник на САД, без да е признат официјално. Нормализацијата на односите меѓу Вашингтон и Пекинг овозможи на Денг Ксијаопинг да го комбинира бруталното кршење на про-демократските демонстрации на плоштадот Тјанмен со економски реформи концентрирани околу извозот на евтина индустриска продукција. Тие јапретворија сиромашната Кина во втората по големина економија во светот. Отворањето на западните пазари овозможи на стотици милиони Кинези да излезат од замката на сиромаштијата, но барем според светогледот на Трамп, тоа не донесе ништо добро за САД.
Не е јасно дали претседателот Трамп ќе се обиде да одигра на „Руската карта“ и какви отстапки ќе побара во замена претседателот Путин? Но Русија едвај ќе изврши притисок над Кина во случај на конфронтација меѓу Пекинг и Вашингтон и едвај ќе стане сојузник на Кина, ако Америка не направи отстапки на Русија.
По Брекзит сонот за обединета и неделива Европа, тесно интегрирана со САД и неподвластна на притисок од источните автократи како Путин и Ердоган брзо згаснува. Тешко е да се замисли како ќе изгледа светот со и после Трамп. Но најверојатно земјите кои имаат внатрешен ресурс да одржуваат демократски систем и владеење на законот и кои се подготвени да се бранат, ќе добијат американска поддршка, во случај ако предизвиците кон нив ги надминуваат нивните одбранбени можностите.
Но САД едвај ли ќе вложат труд да градат демократски институции во општества кои немаат волја да го направат сами. Малку ќе се земјите – сеќавам се за Филипините – за кои Вашингтон ќе мисли дека не можат да бидат изоставени во нечиј друг лагер.
Многу од претставниците на демократската заедница во Бугарија верувавме дека е доволно да се провреме во организациите на демократските земји и притисокот од нивна страна ќе биде доволен за да се претвориме и ние во модерна демократија. И дека еднаш прифатени, ќе бидеме заштитени од секакви надворешни предизвици.
Во ерата на Доналд Трамп ќе ни треба да се бориме напорно за она што до неодамна го земавме здраво за готово.
–––––––––––––
Автор: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа
