
Бугарија e стратешкиот клуч на Балканот. Во 1940 година за време на состанокот со бугарскиот цар Борис Трети претставникот на американскиот претседател му вели: „Вие сте тука вратата, вие го држите тука стратешкиот клуч“. Цар Борис скромно му одговара: „Сакам овој клуч да биде во мојот џеб“, вели историчарот академик Георги Марков.
Да Бугарија е врата, но ние треба да jа отвораме и затвораме оваа врата. Таа е оспорувана од различни групи на големите сили.
За подобро или полошо нашиот регион денес повторно се наоѓа во една конфликтна зона. Во соседството до нас се Турција и Блискиот Исток, каде доаѓа една не само миграција, но и воена закана. Бугарија треба да го комбинира националниот со паневропски интерес и да заврши со сателитскиот синдром, кој продолжува и до денес. Бидејќи Сателитскиот синдром продолжува и денес. Бојко Борисов оди во Брисел со едно мислење, а се враќа со друго, превртувајќи се за 180 степени. Бугарија не треба да се претвори во тампон зона и бегалски камп. Тоа нешто не смее да се дозволи, напротив треба да докажеме дека ние сме надворешната граница на Европската унија, но оваа граница треба да се чува и од самата ЕУ, а не се да паѓа врз нашите плеќи. Во 2015-2016 година Грција пропушти стотици илјади мигранти и бегалци само за да се одмазди на Германија. Според мене има имплицитен договор меѓу Грција и Турција за пропуштање на мигрантите – Турците ги пуштаат кон островите, Грците ги качува на автобуси и директно кај мама Меркел. Тоа е поради должничката криза.
Кога зборуваме за нашите односи со Република Македонија не е потребно да одиме премногу далеку. Доволно е да погледнеме она, што го прават нашите северни соседи. Ќе ви дадам пример со поранешниот претседател Трајан Басеску. Тој веќе е државјанин на Молдавија. Вели патот на Молдавија за ЕУ е во Романија. Дадоа 400 000 романски пасоши на романските граѓани. За разлика од нашите бирократи. Постојано се прават пречки од различните сектори. Докажано ли е бугарско потекло, веднаш треба да се издаде пасош, а не нашите сонародници да стануваат предмет на корупција, за која многу се зборува. Од Македонија треба да гледаат на нас, како од Кишињев гледаат на Букурешт. Ние сме најблиску до Република Македонија и за да влезе Македонија во НАТО и ЕУ ние треба да бидеме гласот на оваа Република Македонија на различните нивоа во Брисел. И тие да кажат, ете Бугарите преземат заштитата на нашите интереси. Потребно е зближување. Од неколку години Бугарската академија на науките и Македонската академија на науките и уметностите имаат заеднички проекти. Избегнуваме конфликтните теми, но наоѓаме заеднички јазик и веќе зборуваме без преведувач. Пред години директорот на нивниот Институт за историја Владо Ивановски си водеше преведувач за време на патувањата. Но ние со него се разбираме. Му реков да го остави, тоа само ни губи времето, двојки го. Ова се надживеа, има развој … Значи патот е на зближување, имаме заедничка историја, вели Марков.
