„Благодарен сум на моите колеги за реизборот ми во Претседателството на Европскиот парламент (ЕП). Тоа е едно признание за Бугарија, признание за нашите напори во Европскиот парламент – моите и на моите колеги од Бугарија, како и на партија ГЕРБ, за тоа, што сме постигнале заедно – Бугарија да биде активен член на Европската унија и да бидеме почитувани од нашите колеги“- изјави по изборот Андреј Ковачев.

Претседателството на Европскиот парламент, или т.н. Биро, е раководниот орган на институцијата и се состои од Претседателот на Европскиот парламент, од неговите 14 потпретседатели и од петмина квестори. Задачата на Бирото е да изготвува нацрт на Европскиот парламент, да се занимава со сите административни и организациски прашања, како и со оние поврзани со персоналот. Квесторите се задолжени за административните и финансиските прашања кои се поврзани со спроведувањето на мандатот на членовите на ЕП.

Со овој избор Бугарија ќе продолжи да има свој претставник на највисока позиција во Европскиот парламент.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO