
Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека САД и создадоа многу проблеми на Србија, упатувајќи остра критика кон американската администрација на заминување. Ова го изјави тој за време на состанокот со американскиот амбасадор во Белград Кајл Скот.
Николиќ, исто така, изрази надеж дека односот на Вашингтон кон неговата земја ќе се промени со доаѓањето на новиот претседател Доналд Трамп на власт. „Се надевам дека овој вид однесување ќе престане кај новата администрација“, рече тој, цитиран од државната прес служба.
САД беа меѓу првите земји кои во 2008 година ја признаа независноста на Косово.
Трамп, чие официјално инаугурација е овој петок, е популарен во Србија, каде што на него се гледа како на претседател кој ќе има „просрпска“ политика во однос на прашањето со Косово.
Од пресслужбата посочуваат и дека според Николиќ Вашингтон и Белград врват кон обновување на односите.
„Претседателот потврди дека двете земји се наоѓаат на патот на закрепнување на билатералните односи и изрази надеж дека со новата администрација односите меѓу двете земји ќе се развијат во нов контекст“, се наведува во пораката.
По повод инцидентот со српскиот воз, кој се обиде да влезе во Косово, Николиќ рече дека „Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово, и покрај притисокот на значителните сили кои се обединија во поддршката на оваа независност“.
„Разбирам дека вие безусловно поддржувате нешто на чие создавање сте влијаеле непосредно, со спроведувањето на својата волја вие создадовте многу проблеми“, истакна тој.
Од своја страна, американскиот амбасадор Скот вели дека САД ги поддржуваат реформите во Србија, која е значаен фактор во регионот. Во однос на Косово, тој посочи дека двете страни забележале како прогрес, така и „неколку чекори назад“ во односите.
На крајот на минатата недела Србија испрати од Белград за Косово воз, на кој со боите на српското знаме е испишано реченицата „Косово е Србија“, а неговата внатрешност е украсена со српските православни уметнички елементи. Возот, кој беше запрен пред да стигне до Косово,ги доведе односите меѓу двете држави до најниската им точка од склучувањето на билатерален договор под покровителство на ЕУ во 2013 година
