
Словенија и во иднина ќе биде отворена и хумана држава, но тоа мора да се грижи и да ја гарантира безбедноста на своите граѓани. Тоа, рече словенечкиот премиер Миро Церар по повод критиките во врска со новите законски измени.
Полицијата да враќа назад уште на самата граница мигрантите кои не добиле право на азил, а влегле на словенечка територија илегално. Во таков случај тие ќе бидат депортирани веднаш назад, предвидуваат новите законски измени.
При посетата на приемен центар за мигранти во словенечката престолнина Љубљана Миро Церар истакна дека Уставот и меѓународните конвенции не треба да се толкуваат на штета на бегалците, но тоа не треба да се случува и на штета на граѓаните и нивната безбедност.
