Помина четврт век откако на 15-ти јануари 1992 Бугарија беше првата држава која ја призна независноста на Македонија. Владата на Филип Димитров тогаш направи храбар потег, преземајќи очигледни ризици.

Кога jугословенската федерација започна да се распаѓа Европската заедница назначи арбитражна комисија со претседател познатиот француски експерт по уставно право Бадентер. Таа излезе со став дека само две југословенски републики – Словенија и Македонија ги исполнилe критериумите да бидат признати. По германски притисок во корист на Загреб и грчки притисок против Скопје, во јануари 1992 земjите од Европската заедница ги признаа  Словенија и Хрватска. Европа тогаш постапи по балкански, но Бугарија – по Европски. Таа ги призна сите републики, кои го беа побарале тоа.

Грчката реакција беше брза и акутна. Владиниот портпарол во Атина изјави дека со своите дејствија Бугарија се оддалечува од евентуалната европска интеграција. Во следните месеци ОН воведе трговско ембарго на преостаната Југославија, а Грција стави свое ембарго на Македонија, додека таа не се согласи да си го смени името.

Бугарија веднаш дојде на помош. Ги отвори своите граници и пристаништа за младата република.

Според некои извори, во предходните месеци грчкиот премиер Мицотакис предложил тројна средба на премиерите Грција, Бугарија и на (сеуште не признатата како независна држава) Србија, за решавање на „македонското прашање“. Софиjа веднаш jа одбила поканата, а наместо тоа се одржа средбата на премиерите на Бугарија и Македонија Димитар Попов и Никола Кљусев. Подоцна се среќаваат и претседателите на двете земји – Желев и Глигоров.

Бугарија ја призна Македонија под нејзиното уставно име и го поддржи нејзиното право таа сама да си го избира службениот јазик и да го нарекува како сака. Не поштеди напори да ги убеди другите земји да ја признаат. Рускиот претседател го направи тоа додека е на посета во Софија.

Но наместо стратешко партнерство меѓу двете држави последните 25 години имаме мала студена војна.

Студената војна е бескрвен конфликт во кој секоја од страните се обидувада jа промени основната идеолошка рамка на другата.

Проблемот беше дека Бугарија презеде голем ризик, за да ѝ помогне на Македонија да се ослободи од Југославија. Скопје сакаше Софија да признае легитимација со коjа Македонија беше вратена на Jугославиjа во 1944.

Велат дека еден цилиндар ако го погледнеш од врвот изгледа како круг, а од страна – како правоаголник.

Од Бугарска страна афирмацијата на независноста на Македонија изгледаше како исполнување на одамнашен сон. Во Преродбата мнозинството од населението на овие територии се дефинира како бугарско. Учествува во борбите за втемелување на Бугарската егзархија – институцијата која денес би ја дефинирале како културно-просветна автономија на Бугарите. Македонските Бугари плебисцитарно се приклучуваат кон неа. По Берлинскиот договор тие го задржуваат духовното единство со сонародниците во Бугарија. Безброј патриоти од слободните краеви на земјата се приклучиле кон револуционерните борби во Македонија и безброј македонски Бугари учествувале во изградбата на модерна Бугарија и во заедничкото усилие во Балканските војни и Првата светска војна.

Автономна или независна Македонија секогаш била прифатливо решение за Бугарската дипломатиjа и во 1992 тоа конечно се остварува. Останува само двете страни да се фатат рака под рака и долгата бугарска национална сага ќе наближи кон својот успешен крај.

Од Скопје работите изгледаат сосема поинаку. Идеjата дека Македонците не се дел од бугарскиот народ, току  еден од југословенските народи била прифатена од повеќе луѓе.

По поразот во Првата светска војна голем дел од интелигенцијата бега во Бугарија. Во 30-те расте генерација која е подготвена на компромис со Југославија, под услов таа да се откаже од насилна србизациjа. Бугарската администрација во Втората светска војна е прифатена од страна на некои единствено како како сојузник на нацизмот иако броjот на жртвите во Македониjа бил многу помал од тие во Црна Гора и Србиjа – како што вели известниот французки професор Пол Гард – „токму затоа што окупаторот биле Бугарите“.

По војната е воведена азбука слична со србската. Еден од локалните дијалекти, кој со векови луѓето го нарекувале бугарски и коj инаку ги содржи сите карактеристики на бугарскиот jазик, е преплавен со србизми, латинизми и новоизмислени зборови и е обjавен за Македонски jазик. Наводно наjстариот словенски jазик. Воведен е и Закон за заштита на македонското национално достоинство и сите манифестации на бугарска идентификација се прогонувани исклучително сурово.Во 60-тите и 70-тите години режимот во Југославија се покажа многу помек од оној во Бугарија, но само за тие кои jа прифатиле легитимноста на Jугославиjа . Стандардот на живот станува повисок. На граѓаните им е дозволено речиси слободно да патуваат низ светот…

Спрема официјалната доктрина на Југославија словенското население на цела географска Македонија претставува посебен македонски народ. Во првите години по војната, како поразена страна Бугарија била принудена да ги прогласи луѓето во Пиринскиот крај за етнички македонци и покрај противењето на населението прави обиди да го воведе новосоздадениот македонски јазик во училиштата. Кога Тодор Живков става крај на оваа политика во 1963 Југославија го разгледува актот како ревизија на последиците од Втората светска војна.

Дури и кога федерацијата испадна  во процес на распаѓање, на пленарната сесија на 22 јуни 1990, во посебен меморандум Југославија ги обвинува Бугарија и Грција во „брутално прекршување на правата на македонските малцинства“. Во август истата година југословенската амбасада во Софија излегува со протестна нота коjа ја осудува прославата во Бугарија на Илинденското востание.

Се разбира Бугарија нема можност да го признае она што македонскиот режисер Дарко Митревски безпогрешно го нарекува „Нашиот најголем фалсификат“. Голем дел од денешната  бугарска нација е составена од Македонци – Пиринци и потомци на бегалци од Вардар и Егеj. Тие, во огромен дел не се сметаат себеси како „малцинство“, току како ‘рбетот на бугарскиот идентитет.

За жал за овие 25 години Македонија избра да ја глуми Jугославиjа дури без моќта на Jугославиjа. Таа остана  и единствена земја на светот која јавно го оспорува бугарскиот уставен поредок – најмногу во делот за забрана на партии засновани на етничка и верска основа. Речиси сите влади во Скопје покажаа морална и логистичка поддршка на неколку минорни групички во Бугарија, кои се обидуваат да регистрираат партија коjа откриено тврди дека е етничка.

Шанса да се стави краj на Македонско-бугарската студена воjна беше Декларацијата потпишана на 22 февруари, во 1999меѓу премиерите на Иван Костов и Љубчо Георгиевски. Но таа беше напуштена од последните македонски влади божем зашто во неа немало „реципроцитет“.

Двете земји годишно, за 24 мај испраќаат делегации во Рим на поклонение пред гробот на Св. Кирил, но само еднаш – во истата 1999 се поклонија заедно. Гробовите на бугарски офицери како Константин Каварналиев и Стефан Илиев и на војводите како Тома Давидов и Христо Чернопеев во Македонија се и до денес осквернавени и избришани. Постулатите на „Најголемиот фалсификат“ се предаваат во училиштата во Македонија.

Можно ли е на Малата студена војна да и се стави крај?

Има потреба од договор за соработка и пријателство и тоj треба да биде базиран врз декларацијата од 1999. Инаку што и да се потпише, секоjа следна влада ќе може да прогласи дека не се чувствува обврзана. Така не се гради доверба.

Но можеме да одиме и понапред.

Оваа година продолжуваат прославите на 100 годишнината од Првата светска војна. Зошто да не може претседателите на Бугарија и Македонија да посетат некое воено гробиште, каде се погребани војници и офицери родени од двете страни на бугарско-македонската граница и кои се загинати со лавчиња на капите и во своите срца? Заедно да кажат: „Спијете мирно момчиња. На крајот ние победивме „.

А потоа да се сретнат со претседателите на непријателските тогаш земји – Србија и Грција, за да се прогласат сите за вечен мир на Балканот.

–––––––––––––

Автор: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO